Најава
 
 
Немаш корисничко име? Регистрирај се!
Како да се зачленам?
Ја заборавив лозинката

Гласање за ИП членови од Група

Почнува за:


Гласање за ИП Општина:

Почнува за:


Гласање за ИП град Скопје

Почнува за:


Гласање за ИП Изборна Единица

Почнува за:


Гласање за ИП Македонија

Почнува за:

Блог на ИП

Интернет партија на IT.com.mk

Содржината можете да ја погледнете на следниот линк:

www.it.com.mk/internet-partija-na-makedonija/


Интернет партија на ТВ Алфа


Определени да бидат неопределени

 Определени да бидат неопределени

Многу граѓани денес се политички неопределени и нивниот број секојдневно се зголемува благодарение на застојот на демократските процеси во Р.Македонија .Постоечките политички партии ги ,,бетонираа,, своите позиции и своите раководства ( читај лидери) ,затворени се за граѓаните ,дозволуваат по некој нов да се појави но колку да се замачкаат очите на јавноста. Владее безидејност како да се продолжи понатаму.

Граѓаните не гледаат  во досегашните партии некој кој може да ги ослободи од чувството на беспомошност .Немајќи избор од веќе постоечките партии,затоа што сите се такви и функционираат на ист принцип ,се определиле на бидат неопределени.

 Но дали е тоа правилниот избор? Што може да се постигне со тоа? Тоа не е правилниот избор и ништо не може да се постигне со тоа ,затоа што неопределеноста најчесто резултира со неизлегување на избори и ги прави граѓаните рамнодушни  на политичките случувања во државата затоа што се немоќни негде и за нешто да влиаат. По  принципот ,, друг нека му ја мисли,, политиката им ја препуштаат на ,,другите,, односно пак на постоечките партии и раководства.

,,Друг нека му ја мисли,, ама другиот не му ја мисли,мисли само за себе и ич не му ја мисли за другите.Зошто? Затоа што на досегашниот начин си функционираат и се сменуваат на власт де едните де другите. На останатите граѓани им останува само да бидат неопределени и да гледаат од страна.

За да небиде тоа така на граѓаните на Р.Македонија  Интернет партија им нуди место каде што сите можат сами ,,да му ја мислат,, со своја глава и за себе. Место каде што непосредно одлучуваат кој ќе ги претставува ,и каде што можат да ги објават своите приоритети,потреби...

Затоа нетреба граѓаните да бидат неопределени,затоа што сега имаат можност сами да вилиаат на политиката дури и од дома и во било кое време.Тоа го овозможува Интернет партија на Македонија која е во фаза на основање и претставување пред демократската јавност.

Веќе постоечките партии, и така постојано ни кажуваат дека се историски и се што прават и кажуваат било за прв пат и историско,да ги препуштиме на историјата.Ќе ги спомнеме во некој учебник по историја или енциклопедија.

Да се приклучиме кон прогресивните идеи што ќе не водат кон иднината,да се приклучиме  на  партијата од следната генерација политички партии.

Да се определиме за Интернет партија на Македонија.   

1 2