Најава
 
 
Немаш корисничко име? Регистрирај се!
Како да се зачленам?
Ја заборавив лозинката

Гласање за ИП членови од Група

Почнува за:


Гласање за ИП Општина:

Почнува за:


Гласање за ИП град Скопје

Почнува за:


Гласање за ИП Изборна Единица

Почнува за:


Гласање за ИП Македонија

Почнува за:

Блог на ИП

Интернет партија зошто

Интернет Партија на Македонија зошто?

За да се регистрира  политичка  партија во Р.Македонија потребно е најмалку 1000 граѓани на Р.М. да го дадат својот потпис за основање,а како најлесно да се информираат граѓаните за формирање на една партија ,за нејзините цели,програмата,предлог Статутот и друго,ако не преку Интернет.

Интернетот ни овозможува со минимални средства ,скоро симболични,да ги преставиме нашите цели и заради начинот на кој е смислено функционирањето на Партијата,таа да функционира.Затоа и така се вика Интернет партија на Македонија, затоа што интернетот и е главно обележје. 

Интернет Партија на Македонија (ИП) е партија од следната генерација на политички партии кои се вистински демократски и каде што членовите користејќи  го интернетот  како совремно средство за комуникација ,користејќи ја web-страната internetpartija.com ,се информираат ,учествуваат во работата  и гласаат преку системот за гласање на ИП.

 Единствено во ИП можете да гласате за кого сакате.Членовите непосредно гласаат за избор на функционери на партијата од најниско ниво ,претседател на Месна организација на ИП и совет на месна организација ,до највисоко ниво претседател на партијата и собранието на ИП.

Никој нема право ,а и да сака неможе,да наложува да се гласа за овој или оној кандидат бидејќи така сакал некој функционер или било директива „одозгора„.системот за гласање на ИП кој подетално е опишан во предлог Статутот на ИП во членовите од 31 до 39,тоа го оневозможува.

По што уште се разликува од другите „демократски„ партии;

Секој член има свој профил на web страната internetpartija.com ,на кој може да дава предлози,коментари свои видувања за сите прашања во врска со политиката на партијата, согласно правилата за користење на сајтот и чл.10 од предлог Статутот

Членот може да формира групи,тимови,лоби групи,за кандидирање во органите на партијата како и за претставување на разни идеи и проекти .чл.14

Членарина и други парични средства се уплаќаат само преку уплатница на жиро сметка на партијата,односно никој нема право да собира пари во готово,па затоа и нема предвидено благајници низ сите облици на дејствување,висината на членарината членовите сами си ја одредуваат чл.12

ИП предизборно не настапува заеднички (не коалицира) со ниедна друга партија  чл.39

Не е предвидено престанување на членство во ИП заради членство и во друга партија чл 13. Во време кога повеќето од граѓаните имаат по неколку партиски книшки заради неисполнети и лажни ветувања,дури и по неколку државјанства, ИП членството во повеќе партии ќе го разбере како можност на своите членови да направат споредба со другите партии за степенот на демократијата и можноста да го искажат своето мислење или став во истите.

Интернет партија на Македонија не предвидува штампање и издавање на партиски книшки.

Подетални информации за партијата може да прочитате во Предлог Статутот на Интернет партија на Македонија.

Во следните  месеци ке биде дозволено „зачленување„само на сајтот на Интернет партија се додека не ја постигнеме бројката потребна за регистрација на партија,кога ќе биде потврдено условното зачленување со изјава за доброволно членство односно пристапница.Во овој период може да се доставуваат и предлози и сугестии за дополнување или измена на делови од предлог Статутот.

Доколку се согласувате со нашите идеи, Ви останува само да ни се придружите,Ве очекуваме!

НЕ ЖИВЕЈ БЕЗ ВРСКА!

 

Скопје, 09.07.2010 г.                                              З. Т.

 

Член 14

Членовите на ИП се организираат и дејствуваат на територијален принцип во следните облици на дејствување:

 -Месна организација  на ИП

- Општинска организација на ИП

-Градска организација на ИП (за Скопје)

-Интернет партија на Македонија

Членовите на ИП можат да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во  сите организации и органи на партијата.

При зачленувањето на web-страната ,врз база на местото на живеење,членот автоматски се распоредува во својата општинска организација на ИП,градска ако живее во Скопје и ИП на Македонија,каде што може да се информира ,да учествува во работењето и да гласа користејќи го програмот за гласање  кој постои на секое ниво на организација;  во групи,во општинските организации на ИП,во градската на Скопје,по изборни единици и во цела ИП.

Членот може да формира групи,тимови,лоби групи,за кандидирање во органите на ИП како и за преставување на разни идеи и проекти.

ИЗБОРИ

Член 31

Изборите за носители на функции во ИП се врши со тајно гласање преку системот за гласање на ИП на следниот начин

Секој член на ИП задолжително отвора (креира)  и свој профил (корисничка сметка) со корисничко име и лозинка на web –страната internetpartija.com.

Гласаат само членовите кои го навеле корисничкото име во пристапницата за членство во ИП.

При регистрирањето на web-страната системот автоматски ги распоредува членовите во групи според местото на живеење,во општинските организации на ИП,во градската организација ако се од Скопје ,во група која ја сочинуваат членовите од одредена изборна единица според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.

Членовите можат да  формираат и да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во  сите организации и органи на партијата.

На секое ниво на организираност постои апликација за гласање која дозволува гласање само еднаш на членот во соодветната група каде што припаѓа ,во одреден временски интервал(на пример од  петок на 09.07.2010 до  понеделник 12.07.2010) со цел што поголем број на членови да гласаат.

Може да се гласа од било кој компјутер од било кое место.

Член 32

Гласање по групи,лоби групи ,тимови

Од секоја група членовите на групата гласаат за еден кандидат кои членовите сами ќе го предложат. Претседател на групата е тој што добил најмногу гласови.

Член 33

 

Гласање за месна организација на ИП

 Гласањето  за месна организација на ИП се врши во два круга на гласање,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 11 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 11 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на МО на ИП каде што припаѓаат според Изборниот законик.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на МО на ИП а останатите десет членови на Советот на МО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 34

Гласање за Општинска организација на ИП

Гласањето  за Општинска организација на ИП,се врши во два круга првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ОО на ИП каде што припаѓаат според општината во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ОО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ОО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 35

Гласање за Градска организација на ИП-Скопје

Гласањето  за Градска организација на ИП-Скопје се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ГО на ИП каде што припаѓаат според Скопските општини во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ГО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ГО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 36

Гласање за кандидати за пратеници по изборни единици

Гласањето  за кандидати за пратеници по изборни единици  се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 20  според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 20 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на  ИП од соодветната изборна единица според  според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.Тој што ќе добие најмногу гласови е прв на изборната листа на ИП,и останатите редоследно според бројот на добиените гласови.

Член 37

Гласање за Претседател на ИП

Гласањето  за кандидат за Претседател на ИП се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40  според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на  ИП на Македонија.Првите тројца  што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг,а останатите редоследно според освоените гласови стануваат членови на Собранието на ИП на Македонија.

Во третиот круг на гласање за Претседател на ИП на Македонија е избран тој што добил најмногу гласови а другите двајца се Потпретседатели на ИП на Македонија редоследно според бројот на добиените гласови.

Член 38

Гласање за кандидат за Претседател на Р.Македонија

Гласањето  за кандидат за Претседател на Р.Македонија  се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40  според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на  ИП на Македонија.Првите тројца  што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг.Во третиот круг на гласање за кандидат за Претседател на Р Македонија е избран тој што добил најмногу гласови.

Член 39

Внатрепартиски избори се одржуваат секогаш  1 месец пред почетокот на изборната кампања за одржување на избори во Р.Македонија во зависност од тоа какви се ,локални, парламентарни,претседателски,вонредни или редовни такви и се одржуваат.

ИП предизборно не настапува заеднички (не коалицира) со ниедна друга партија 

Претседателот на МО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на претседател на месната заедица

Претседателот на ОО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на општина и советници

Претседателот на ГО на ИП- Скопје  и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на Скопје и советници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СИМБОЛИКА НА  ЛОГОТО И ЗНАМЕТО НА ИНТЕРНЕТ ПАРТИЈА

Логото/знакот на Интернет Партија

 Логото преставува стилизиран приказ , на симболот “ет”(@).  Во центалното “a” е додадена апликација која асоцира на човечко суштество, така што главата е прикажана како круг кој што асоцира на човечкиот стремеж кон совршеството , додека кругот и вратоврската асоцираат на буквата “i” во вид на стрелка на часовник, овие симболи укажуваат на потребата човекот секојдневно да се прилагодува на новите технологии, и истите да ги стави во функција на општо добро на човештвото и природата.  Опашката e штитовидна, што треба да ја симболизира партијата како институција, но сепак не е до крај затворена, за да се задржи приматот на симболот @ како општоприфатен симбол за модерна комуникација и социјализација на граѓаните.  Бојата има дополнителна симболика која што е асоцијација за сиво-белата материја со која мислиме

Симболика на Знамето на Интернет Партија

 

Знамето на партијата е со пропорции 1:2

Првата четвртина од знамето е бела а втортата половина од знамето сива, во втората четвртина е поставена наизменична клиновидна разделна линија со која на симболички  начин асоцира на  www  (World Wide Web) како основен предуслов на интернет – комуникацијата. Самата поставеност на  разделната лија со тоа што  длабоко се навлегува наизменично во белата и сивата површина, е симболика на вечниот стремеж и основна потреба  на човечкиот род за откривање на непознатото преку познатото и на тој начин постојано активно да го менува процентот  на искористеност на човековиот интелектуален потенцијал .

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Технологија и демократија

 

Технологија и демократија

 

Во текот на целата човекова историја демократијата и технологијата се тркале,испреплетувале,заостанувале и оделе паралелно една во однос на друга.

Уште од самиот почеток на светот развојот на човештвото зависело од технолошкиот развој,односно од алатките кои биле употребувани во секојдневниот живот. На почетокот пред  човекот да касне од плодот на дрвото на знаењето –јаболкото односите меѓу луѓето се средувале со гола сила.

Тој што бил најјак добивал се и немал некоја потреба од објаснување, дискусии уште помалце од политички партии и гласање.Но со текот на времето послабите почнале ,да размислуваат, измислиле алатки,оружја, и да се мешаат во распределбата на добрата во едно општество.Кога се изедначила силата некој со оружје некој со ум,почнало да се почитуваат мислењето и потребите и на другите. Додека живееле во мали групи не било проблем да се запознаат со желбите и потребите на другите членови од заедницата,бидејќи сите се познавале и знаеле кој е најјак и тој командувал со останатите.Со развојот на технологијата (алатките и оружјата) кога важна била и вештината ,знаењето ,умот, некако се изедначиле силите во групите племињата и се јавила потреба одлучувањето за сите работи да не зависи од еден човек па создавале племенски совети  .Своите идеи и замисли можеле да ги споделат со мала бројка на луѓе затоа што биле ограничени од просторот, времето,.Со измислувањето на писменоста и печатењето на книгите веќе било можно да се запознаат повеќе луѓе со идеите намерите на разни групи,општества...

Секој технолошки напредок го прати и одреден степен на демократија,така следниот поголем напредок бил измислувањето на радиото и телевизијата со кој на луѓето им станале уште подостапни информациите за животот ,како живееат другите,политиката,државните уредувања,партиите.Сите луѓе имат вродено чувство да одредат што е праведно а што не,па следејќи ги информациите,читајќи,учејќи се приклонувале кон одредени идеи, движења,

за кои сметале дека се прогресивни,праведни,напредни,односно иднина во однос на тоа што го имале дотогаш.

Телевизиите,радијата,политичките партии ,како центри од кои и преку кои се

владее со останатите,се влиае на луѓето,станаа цел на наметливците,

грабливците и луѓе што сакаат да владеат со останатите, да манипулираат со информациите. Тие се сопственост на мала група која манипулира со останатите и настојува што подолго да се одржи на власт .

 Партиите се скоро приватни односно сопственост на лидерот и тој одлучува за се во партијата.Луѓето неможат да допрат до партиите да влиаат на политиката,ограничени се од проценката на некој во партијата ,порано ги викаа политички комесари кои се поставени пак од лидерот и се негови ,,очи,, и ,,уши,, поданици и слепи послушници.Како манипулираат и ги одвраќаат луѓето да се занимаваат со политика? Многу едноставно, на тие што можат да ги загрозат не им даваат членски книшки подолг период,не ги викаат на состаноци сите членови односно ги викаат селективно,состаноците се однапред испланирани и се е однапред одлучено,се одржуваат само формално.

Организираат ,,бдеења,, по штабови ,лепења на плакати кои се ниво на полуилегални активности,членовите ги тераат да прават таканаречени проценки односно списоци на луѓе кои се про или контра партијата,и сите се претворени во инспектори на тајна задача за откривање на ,,комуњари,, ,,вмровци,,...

 Кога едните се на власт тие се за ,,државата,, а другите се против и се чувствуваат како илегалци на кои им е страв да кажат на која партија припаѓаат,

додека тие што се на власт гордо кажуваат на која партија припаѓаат,како другите партии да се со закон забранети и немаат право ништо да кажат на политичката сцена .

Обичните луѓе немаат време и начин како да се приклучат во креирањето на политиката на одредена партија,притиснати од обврските со фамилијата ,работата ,па по принципот попаметниот попушта полтиката им ја препуштија на ,,другите,,.

Сегашната поставеност и начинот на функционирање на политичките партии е на работ на здравиот разум,односно ги прегази времето или следниот технолошки напредок- компјутерите и интернетот.

Интернетот ни овозможува од секое место  од дома ,од комшии,од интернет-клубови ,од работа,од авион ,од воз ,односно од секаде каде што има компјутер и интернет да бидеме поврзани со светот,или со политичка партија како Интернет партија на Македонија ,креирана да функционира на сосема нов начин најдемократски досега ,во која демократијата не е ,,дозирана,, туку е потполна. Исфрлени се сите негативни работи кои го ограничуваа граѓанинот (членот) да учествува во работата на партијата (дури и од дома ,од било кој компјутер и во било кое време)  ,да изнесува свои мислења и проекти (без притоа некој друг да му ги украде),да избира и да биде биран. Системот за гласање на Интернет партија кој е детално опишан во предлог Статутот за прв пат во Македонија им овозможува на членовите да гласаат за кого сакаат. Бидејќи политичката кариера на секој член зависи единствено од него самиот и поддршката од членството,односно нема место за ,,дворски игри ,, и политички менторства,на членот му преостанува слободно да размислува своите идеи и проекти да ги презентира и ако има поддршка од членството сите функции во Интернет партија на Македонија му се достапни.

 

Развојот на технологијата уште еднаш како многу пати досега низ историјата ќе придонесе за понатамошен развој на демократијата која сега е заглавена некако и никако да тргне понатаму. 

Да се потсетиме дека денес на Земјата во овој момент живеат луѓе помеѓу кои разликата  е 10 000 години. Истовремено има човекојадци во амазонските шуми и индонезиските прашуми кои живееат во камено време и космонаути во современиот свет.Сите останати се распоредени некаде помеѓу ,а каде сме ние?

Нашето општество е заглавено некаде помеѓу 18 и 19 век,да направиме исчекор и да го стигнеме современиот свет,технолошки предуслови имаме,прашање е само за што ги користиме.Интернетот е премногу сериозна работа за да служи само за играње игри,во неговото  креирање учествувале и учествуваат   најголемите умови на денешнината .

Да го искористиме интернетот за вистински  да ја вратиме демократијата во рацете на луѓето непосредно да одлучуваат за тоа кој ќе ги петставува во партиите а со тоа и во државата.

Затоа ако имаш врска,не живееј без врска,приклучи се!

 

 

 


Автопат и слепи улици

Третиот пат ...

Автопат и слепи улици

Во Македонија пропаднаа сите обиди да се демократизира општеството,државните институции да станат сервис на граѓаните,граѓаните да ја почуствуваат демократијата и придобивките од повеќепартискиот живот и пазарното стопанство. Се мислеше и сеуште се мисли дека реформите и демократијата ја кочат државните службеници,во општините во министрествата ,судиите, ,,олигарсите,, синдикатот и други ,,темни сили,, разни заговори од странски држави, домашни предавници,надворешни непријатели  , дури и новинарите . Со еден збор сите освен главниот виновник политичките партии во Македонија .

Досегашното искуство од живот на политичките партии  во Македонија покажа дека тие се главните виновници за состојбата во која се наоѓала и се наоѓа  државата.

Се  менуваа двете поголеми партии и нивните коалициони партнери на власт состојбата многу не се промени,имаше и обиди да се ,,трасира,, и таканаречениот ,,трет пат,, но безуспешно.Граѓаните не можеа да го препознаат вистинскот пат ,одејќи по патот на едната или другата поголема партија не можеа да согледаат дека тоа што изгледа како пат всушност е слепа улица или ќорсокак .

Слепи улици и ќорсокаци се затоа што завршуваат во едно име на пример Борис, Амди,Бранко,Мендух,Никола,Али,Љубисав,Љупчо и други .Тие се крајната точка од патиштата на нивните партии единствени и незаменливи,премудри и непогрешливи.Преставени како чудо од деца ,политички месии, родени кој како еднаш на 100 години,кој на 1000 години,алфа и омега, почеток и крај во нивните партии.Тие се обожувани дури и воспеани.Заради нив се караат син со татко,брат со брат ,комшија со комшија ,пријател со пријател .Ако не си за нив тогаш си против нив и против државата.Тие се единствените што се за државата ,другите се сите против и сакаат да ја растурат државата.Во вечна замислена борба (ката) се со сите, политички противници,државни непријатели и другите кои не мислат како нив.

Од нив зависи се во партијата,тие ги бираат сите функционери во партијата,или ако не ги бираат можат да ги сменат .Функционирањето на партиите е подредено само за нив за претседателите ,тие одлучуваат за се,на членовите им останува само да се согласат или да бидат прогласени за провокатори или симпатизери на противничката партија

Откако лидерите одредиле се, односно се спровела волјата само на неколкумина,на граѓаните им преостанува само да го изберат ,најчесто од две лоши решенија ,помалку лошото решение .

Во сегашните политички партии нема никаква демократија ,тие функционираат како приватни лични партии или фамилијарни.Граѓаните бидејќи немаат друг избор, затоа што сите се такви, се приклонуваат кон едните или другите ,гласаат и живеат во илузијата дека тие одредиле кој ќе ги претставува во државата.

 

Состојбата од партиите подоцна се пренесува во државата.

За да не биде тоа така ,на политичката сцена во Македонија за првпат се појавува партија ,,Интернет партија на Македонија,, , која е во основање, и е креирана да функционира на најдемократски начин потполно различен од постоечките.

Интернет партија на Македонија е партија од следната генерација на политички партии која ја препозна моќта на интернетот и новите технологии и истите ги стави во функција на општо добро на човештвото,односно во конкретниов случај да ја врати демократијата во рацете на граѓаните(членовите) тие непосредно да одлучуваат ,а не преку некои центри на моќ,делегати на конгреси или отуѓени раководства на партиите.   

Единствено во Интернет партија на Македонија можете да гласате за кого сакате. Изборот на сите функционери во партијата се врши со непосредно гласање на сите членови ,ако е за избор на претседател општинска организација гласат сите членови на општинската организација и така до избор за претседател на Интернет партија на Македонија.

Никој однапред не е избран и неможе да биде избран ако нема подршка од членството. Никој никого не може да го смени ако е избран освен две третини (2/3)од членството. Гласањето е тајно и се врши преку системот за гласање ,на web страната internetpartija.com na  Интернет партија ,кој детално е опишан во предлог Статутот.

Единствениот начин да се дојде до некоја функција во партијата е да се има поддршка од членството ,тука не помагаат вујко владика, гребење ,шпионирање,слепа послушност и други слични ,,квалитети,, кои се основен предуслов во досегашните партии.

Политичката кариера на било кој член зависи единствено од него самиот и поддршката што ја има од членството.

Никој не е вечен функционер,може да биде максимум два мандата 8 години,статутот не дозволува повеќе.

Партијата предизборно не настапува заеднички(коалицира) со ниедна друга партија,не е фер партијата да бара членови за да ги залепи подоцна за некој од политичките ,,месии,, во Македонија .

Интернет партија на Македонија  со својот начин на функционирање и начин на избор на раководства на граѓаните не им нуди трет пат ,туку политички ,,автопат,, отворен за сите демократи по определба,слободоумни луѓе кои имаат што да кажат на политичката сцена во Македонија ,а досегашните партии ако не сменат нешто ќе си останат тоа што беа и досега слепи улици и ќорсокаци.

1 2